Црквата во долгата си историја никогаш не учествувше во уредување на општествените односи.
Дали имаше став за робовладетелските односи? Дали за феудалните или капиталистичките. Не. Затоа што таа не уредува нешто што е привремено, минливо, особено не затоа што светот ја гони црквата по дефиниција. Друго, таа нема мандат да се занимава со општествено-политички работи, и тоа би било злоупотреба од една страна, а од друга, тоа е дуализам. И така значи, заради тој дуализам произлегува дека ијерархијата ја гони црквата!!! Тоа е противречно, но да погледнеме подобро, длабински.
Претходно треба да се каже нешто за комунистичкиот период кој предизвика антикомунистички реакции кај некој иерарси во повеќе православни земји. Тој антикомунизам кај дел од црковната ијерархија направи еден вид бесправен упад во општествените, односно политичките односи, на тој начин што иерархијата се определи заради познати причини. И што доби по падот на комунизмот, бидејќи од секоја борба треба да има плодови. Ништо. Светот, односно општеството останува исто толку неправедно како и претходно, само што иерарсите станаа општественици, а црквата општествена институција! Ништо ново само што силите се поместија. Светот сега не ја гони црквата од надвор, но затоа преку нејзината иерархија одвнатре ја попречува мисијата. Епископот наместо пастир стана општественик-политичар без мандат и арбитрира за она што е добро а што лошо, што треба да се прави во однос на нацијата и државата, со прст покажува на одредени појави и станува општествен фактор и авторитет.Наместо да се грижи за душите кои му се доверени и со многу труд да ги приведе еден по еден, тој сака како политичарот со еден потег да реши се со помпш на општествената јавност. Сето тоа се случува надвор од црквата, во општеството, во светот. Тоа значи дека епископите седат на два стола, и во црквата и во светот. Тоа е веќе сосема јасен дуализам бидејќи светот почива на принципи, а црквата …
Антикомунистот има релација со комунизмот и на некој начин му припаѓа, прави целина со него и учествува во неговата трансформација, во неокомунизам или прикриен неокомунизам. Антикомунизмот како интегрален дел од комунизмот е зависен од него, а бидејќи заеднички процес тој нема друга содржина. Е сега замислете каков профил има еден антикомунистички поп, а каков комунистичкиот поп. Еден те ист профил.
Таа пројава како и другите општествени пројави се инертни во однос на црквата, односно црквата е инертна, бидејќи таа е насочена кон новиот Иерусалим, додека сите попатни појави во светот (се покрај неа), робовладетелство, феудализам, капитализам, комунизам, демократија, човекови права и тн., немаат реално дејство врз неа. Таа е во светот, но светските работи кои поминуваат не оставаат ниту најмала трага врз неа.
Значи, тое е црквата, а не попот. А како размислува тој поп, тоа е интересна приказна; неговата намера да го уредува светот или да учествува во неговото менување и да гради на песок, сосема го разоткрива. Тој сосема јасно знае дека светот ќе престане (второ пришествие); значи сака да го уреди привременото опкружување “чекајќи“ го неговото уништување и Суд! За ова нема друг пример освен приказната за Великиот инквизитор.
Догматската положба на црквата е во целосна различност од општеството, цивилизацијата, светот. Потврда за тоа има во преданието, актите на Вселенските собори и исповедање на верата на светите отци. Дека таа власт не е од овој свет, се зборовите на Исуса Христа, а бидејќи црквата е тело Христово, таа не пушта корени во светот. Каков е односот на Исус Христос кон власта и кон светот? На кесарот кесаровото, на Бога Божјото, значи одвоено.(Тој не работи против кесарот или робовладетелството, дали е роб или слободен, нема разлика, следствено и црквата го применува истото со векови). Тој не го повикува општеството, туку конкретни луѓе, души. А апостолите Негови создадоа цркви, заедници кои не се општество…тоа е народ Божји кој сведочи… инаку солта ќе биде бљунтава ако црквата се занимава со општеството. Апостолите, посланијата ги пишуваат до црквата, до заедниците, тие не се упатени до јавноста, зошто таа не го разбира тој говор (бидејќи е толпа, таа вели:распни го, распни го).
Можеби најдобар пример е живописот во храмовите. Таму покрај старозаветни и новозаветни циклуси прикажан е и Небесниот двор, односно дворјаните на небесниот Иерусалим. Тоа е есхатолошка претстава која ја лоцира Црквата преку светителите кои се прикажани вон историски контекст, (метаисториски), имено облечени не во својата историска облека, а во нова дворска облека стоејки позади Исус Христос, Богородица и св.Јован Претеча. Небесниот Иерусалим е идниот град чии жители ги гледаме сега, денес, во најубава облека заедно со Спасителот. Едната света соборна и апостолска Црква, односно нејзините жители се во Небесениот Иерусалим, и затоа таа нема ништо општо со светот.
Во времето на Јулијан отстапникот се јавија многу маченици (мартирии-сведоци) инаку немаше да ги знаеме, немаше да знаеме кој е кој, за нашата поука да биде добра. Светиите одеа “јако јагне на заколение“ и не пројавија антијулијанство; имено, “Јулијан нека си ја врши својата работа, а ние нашата“. Бидејќи неговите мачења и убиства сведочат против него, ние немаме што да додадеме.
Како што вели свети Николај Жички и Охридски: ние не чекаме подобри времиња, ние го чекаме Христа. Така, христијаните не се надеваат дека Царството Небесно ќе го остварат на земјата, па затоа никогаш не ни полагале надеж за некаков христијански општествен систем – како што тоа е добро опишано некаде во предговорот на дипломскиот труд на Архиепископот Јован (види тука). Заради тоа мислам дека не може да се извлече заклучок дека постои антикомунистичка иерархија на начин на којшто е прикажана во текстот. Кога би имало, и доколку има такви поединечни примери, тогаш констатациите би биле на место.
Но, сметам дека најчесто се работи за здраворазумска критика на еден систем со којшто Црквата низ вековите се има сретнато, такашто не гледам зошто не би можело и да се каже нешто за него, тоа не ја менува нејзината суштина. На крајот на краиштата, не е Црквата изолирана во стаклено ѕвоно, па да не ја тангира ништо од она што се случува.
Види кај: 1 Петр.2:13-25,Рим.13:1-8
Потоа: 1.Тим.2:1-4 и 6:1,Кол.3:22-25,
Фил.1:28-29,2.Кор.6:1-10 и др.
Ноторен факт е дека некои од иерархијата беа антикомунисти и ја критикуваа власта.За нив станува збор,а тоа е спротивно на наведените цитати.Твоето мислење (Никола),провери го низ цитатите и пошироко како тема.